Render za vo proekti- nad interaktivnata mapa

Интерактивна мапа

Објектот PORTA 10 EXCLUSIVE се наоѓа во срцето на градот Скопје, во населбата Центар, Дебар Маало. Самата локација и поставеност на објектот прават овој проект да е уникатен и единствен во околината. Поставен на улицата Дане Крапчев, во непосредна близина на Кино Карпош, овој објект има отворен и непопречен фронт и поглед кон југ. Модернизирањето на урбаниот живот во центарот на градот се нашата цел и мисија. Преку современиот изглед со користење на квалитетни фасадни материјали придонесуваме кон поставување на нови стандарди во градењето. Изгледот на објектот PORTA 10 EXCLUSIVE е во наш препознатлив стил, модерен и уникатен кој ќе го надополни живеењето на сите жители во Дебар Маало.

PORTA 10 EXCLUSIVE претставува станбено-деловен објект, во кој во приземјето е поставен деловен простор- локал, а на горните катови се поставени 11 стана. Целиот објект како и секој стан поединечно е луксузно опремен со користење на високо квалитетни материјали, санитарии, столарија, посебен систем на греење и ладење со подни и плафонски инсталации. Секој стан е предвидено да биде со smart system, пратејќи ги светските трендови. Паркирањето е решено со едно подземно ниво преку лифт платформа, со кое се обезбедува индивидуално и засебно паркирање за секој стан и локал.

Porta inzenering map Objeki Porta Superium,Porta Aerodrom,Porta Residence 1,Porta Residence 2

Start typing and press Enter to search