Render za vo proekti- nad interaktivnata mapa

Интерактивна мапа

Објектот PORTA KRUG се наоѓа во срцето на градот Скопје, во населбата Центар, Дебар Маало. Самата локација и поставеност на објектот прават овој проект да е уникатен и единствен во околината. Поставен на аголот помеѓу улиците Наум Наумовски Борче и Пиринска, со поглед кон сите четири страни на локацијата, дополнително се придонесува кон квалитетот на живеењето во оваа населба/маало. Модернизирањето на урбаниот живот во центарот на градот се нашата цел и мисија. Преку современиот изглед со користење на квалитетни фасадни материјали придонесуваме кон поставување на нови стандарди во градењето. Изгледот на објектот PORTA KRUG е во наш препознатлив стил, модерен и уникатен кој ќе го надополни живеењето на сите жители во Дебар Маало.

PORTA KRUG претставува станбено-деловен објект, во кој во приземјето се поставени деловни простории- локали, а на горните катови се поставени 10 стана, од кој оној на последниот кат е проектиран како Penthouse. Целиот објект како и секој стан поединечно е луксузно опремен со користење на високо квалитетни материјали, санитарии, столарија, посебен систем на греење и ладење со подни и плафонски инсталации. Секој стан е предвидено да биде со smart system, пратејќи ги светските трендови. Паркирањето е решено со едно подземно ниво преку лифт платформа, со кое се обезбедува индивидуално и засебно паркирање за секој стан и локал.

Porta inzenering map Objekt Porta Krug

Start typing and press Enter to search