Интерактивна мапа

previous arrow
next arrow
Slider
previous arrow
next arrow
Slider

Објект

„Porta Residence 1“


Во продолжение на нашата урбана приказна Ви ги претставуваме нашите два нови станбено-деловни објекти во населбата Аеродром во мирна и спокојна оаза, сместени во градската средина. Porta Residence 1 и Porta Residence 2 се лоцирани на булеварот Фрањо Клуз наспроти ООУ Блаже Конески на 150м оддалеченост од нашиот постоечки објект Порта Аеродром.

Архитектонскиот дизајн на Porta Residence 1 и Porta Residence 2 е уште еден пример дека продолжуваме да го пратиме современиот модерен изглед и функционалноста на различни типови на станбени единици. Примената на европските стандарди во градењето, квалитетот и безбедноста и понатаму е наш главен приоритет користејќи ги најквалитетните еколошки градежни материјали и брендирана опрема од светски познати производители.

Во однос на типологија на становите Porta Residence 1 и Porta Residence 2 располагаат со гарсоњери, двоособни, трособни и четирисобни станови почнувајќи од 28м2 до 78м2, а паркирањето кое е решено на 3 подземни нивоа допринесува да добиете квалитетен, уникатен, урбан и современ дом.

Во приземјето двата објекти располагаат со деловни простори каде што ќе имате можност да го изберете идниот простор за Вашиот бизнис. Бидете и Вие дел од Porta Residence 1 и Porta Residence 2 со која даваме уште една нова свежина на оваа населба. Со почит Порта Инженеринг Груп